Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пеколен распоред за ФК Вардар, го очекуват пет меча во две недели

Пеколен распоред за ФК Вардар, го очекуват пет меча во две недели

Во наредниот период од две недели избраниците на Гоце Седлоски ги очекува згуснат и пеколен распоред кога за 15 дена ќе треба да одиграат дури пет меча, односно ќе имаат натпревари секој речиси трет ден. Четири од нив се во домашната прва фудбалска лига и еден е во Купот на Република Македонија. Три ќе бидат на гостински терен, а два дуела ќе се играат на домашен терен од кој само неделниот со “Романтичарите“ ќе го играме на Филип втори бидејќи потоа стадионот ќе се затвора поради реновирање на подлогата.

Прв во овие пет дуели е оној во недела кога во градското скопско дерби ќе бидеме домаќини на екипата на ФК Работнички. Дуелот ќе се игра со почеток во 15-30 часот. Следен дуел кој не очекува е во среда на 21 септември, кога гостуваме кај кичевски Влазерими. Мечот со некогашниот прволигаш е дуел од Купот на Република Македонија, средбата е дел од 1/8-финалето од истиот. Веднаш потоа следниот викенд гостуваме во Тетово кај екипата на ФК Ренова меч во рамките од првата фудбалска лига. Овој дуел со “гипсарите“ е закажан за на 25 месецов. Средата потоа на 28 септември го играме домашниот дуел со екипата на битолски Пелистер. Македонското дерби покрај тоа што се игра во среда, нема да се игра на најголемиот стадион во земјава. Црвено-црните ќе бидат домаќини на алтернативен стадион. Последниот петти натпревар во низава е дуелот кај Силекс на 2-ри октомври. Тоа е средба од деветото коло односно со него ќе заврши првиот круг во првата лига т.е со сите учесници во истата ќе имаме одиграно по еден дуел. Натпреварот  во Кратово е последен во ова серија по која престои пауза во првенството се до 16-ти октомври поради репрезентативни термини. Вардар ќе ја прекине паузата четири дена порано, на 12-ти кога ќе биде домаќин на реваншот во Купот на Влазерими.