Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетското фудбалско дерби му припадна на Работнички, кој беше подобар од Вардар
Кадетското фудбалско дерби му припадна на Работнички, кој беше подобар од Вардар

Кадетското фудбалско дерби му припадна на Работнички, кој беше подобар од Вардар

Екипата на Работнички го доби кадетското фудбалско дерби, утрово на теренот на Академијата против Вардар. Гостинскиот тим подобро се снајде и на крајот славеше со резултат 0:2.

Тренерот Таневски стартуваше со следите 11-сетмина: Андов, Зендели, Манасиевски, Бојковски, Мирчески, Ристовски, Цури, Поповски, Хасановиќ, Спировски, Игнатов.

Во првото полувреме немаше многу шанси за одбележување. Давид Ристовски беше играчот кај Вардар кој на два пати се закани кон противничкиот гол. Најпрво биеше од игра, но одбрани голманот на Работнички, во втората прилика од прекин шутираше над голот. Имаше Вардар поголем дел од играта во првото полувреме, но гостинскиот тим е тој што успеа да го отвори резултатот. Се обиде и Игнатов, кој на на додадена топка од Хасановиќ, шутираше покрај голот. Работнички успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, при невнимание во нашата одбрана. Одбрани од прв обид, Андов, но повторо топката стигна до напаѓачот на гостите, кој немаше проблем да ја смести топката во мрежата, за минимално водство по првото полувреме.

b6

На стартот на второто полувреме веднаш измени во нашиот состав. Во игра се Азер Омерагиќ и Мартин Радуловиќ-Величковиќ, на местото на Поповски и Хасановиќ. Токму нововлезениот Омерагиќ имаше прилика за постигнување на гол, но одбрани голманот на противникот. Врати екипата на Работнички, кога имаа голема прилика да го зголемат резултатот, но Матеј Андов спречи поголема негатива. Немил настан се случи на ова дерби, кога Марко Спировски се повреди и го измести рамото, па мораше предвреме да го напушти теренот.

b8

Сепак Работнички успеа да постигне втор гол и да го зголеми резултатот на 2:0, кога се играше акција од десната страна, нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на Работнички од прва биеше и успева да ја зголеми предноста. Поради два жолти картони играта мораше да ја напушти и Берат Зендели. До крајот на натпреварот за одбележување е ударот на Леонид Игнатов, кој остана без реализација. Иако направивме многу измени, сепак немаше некои големи промени во нашата игра, едноставно бевме отсечени во играта, па Работнички на крајот и заслужено ги освои трите бодови.