Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одиме на нова победа, Вардар денес го пречекува тимот на Кристијанштад
Одиме на нова победа, Вардар денес го пречекува тимот на Кристијанштад

Одиме на нова победа, Вардар денес го пречекува тимот на Кристијанштад

Првиот натпревар на домашен терен во новата сезона од Лигата на Шампионите, за екипата на Вардар. Попладнево со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Кристијанштад од Шведска.

Вардар влегува како фаворит на овој дуел и според квалитетот и според домашниот терен.  Ова ќе биде седми меѓусебен дуел на овие две екипи, а сите претходни шест натпревари му припаднаа на Вардар. Што се однесува до играчките промени кај противникот, немаше многу во однос на минатата сезона. Екипата ја засилија шпанецот Марк Кањелас и исланѓанецот Еинарсон, додека од екипата замина данецот, Тим Соренсен. Кристијанштад започна добро во националното првенство, каде по првите четири одиграни кола има и исто толку победи. Тие последните години се редовен учесник во Лигата на Шампионите, а минатата сезона стигнаа и до најдобрите 16 екипи.

Како што е познато во Вардар ќе недостасуваат Стоилов и Горбок, додека сите останати играчи се на располагање на тренерот, Гарсија Парондо. Голманската двојка повторно ќе ја сочинуваат, Милосављев и младиот Кизиќ.

Очекуваме полна сала и голема поддршка за црвено-црните, кои ја очекуваат првата победа пред своите навивачи.