Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Избраниците на Крстев, ФК Вардар генер.2008 со убедлива победа ја “отворија“ Детската лига
Избраниците на Крстев, ФК Вардар генер.2008 со убедлива победа ја “отворија“ Детската лига

Избраниците на Крстев, ФК Вардар генер.2008 со убедлива победа ја “отворија“ Детската лига

 Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче започна со одигрување првото коло во детската лига за сезоната 2018/2019. Во деби колото избраниците на Миле Крстев за кого ова беше деби како тренер на црвено-црните во детската лига, ФК Вардар генер.2008 се сретна со тимот на ФК Викторија.

b2

Во меч во кој доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра дојдовме до победа со двоцифрен ефект, црвено-црните момци родени 2008 година и помали победија со 12-0 (9:0). Уште по првата судиска свирка ние тргнавме офанзивно со цел рано да отвориме.  Погодивме на почетокот  за отварање на водството со 1-0, а потоа погодувавме уште  осум пати. На одмор заминавме со убедливи 9-0. За нас во првиот период  умешно стрелаа пет играчи. Три гола беа дело на Стефан Бранковски, по два гола постигнаа Ненад Дамјаноски и Арти Азизи, а пак Огнен Бојковски и Лука Трпевски стрелаа умешно по еднаш.

b4

Во вториот дел излеговме со комбиниран тим, Крстев  даде прилика на поголем дел од ростерот, но и тие момци го задржаа ритамот и недозволија на противникот да се закани по нашиот гол. И во овој втор дел мрежата на Дарко Јовчевски како и во првиот дел на Лука Грчевски остана “празна“, а ние во офанзива тоа го наградивме со нови погодоци во мрежата на ФК Викторија.

b5

Ние додатно постигнавме уште три гола за убедлива победа со 12-0. За нас во овој период погодија Павел Андов, Коста Бошковски и  Матеј Киш.