Викендов кој следи започнуваат возбудувањата во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во првото пролетно коло за Вардаровите генерации ќе биде екипата на Работнички. Пионерските екипи во недела ќе гостуваат на теренот на Алумина, додека кадетите и младинците како домаќини на теренот во Марино ќе ги пречекаат своите врсници од Работнички.
-Помладите пионери ќе го стартуваат пролетниот дел од првото место на табелата, со четири бода предност пред екипите на Шкендија и Работнички, кои се единствени наши конкуренти за титулата. Од тука и големото значење на овој дуел, кој може да ги разјасни работите околу пласманот на табелата, на крајот од сезоната. Мотивот кај Вардарци треба да биде уште поголем, ако се знае дека противникот беше единствениот кој успеаа да извади нерешен резултат во есенскиот дел. Вкупно 31 освоен бод во првиот дел од сезоната, или 10 победи, 1 нерешен резултат и ниту еден пораз за избраниците на Сашо Јаневски. Само еден примен погодок во првенството, токму од екипата на Работнички, што не прави да ја имаме најдобрата дефанзивна линија во сите младински лиги. Првиот дуел на локомотива заврши со резултат 1:1, а стрелец за Вардра беше капитенот Чурлинов. Доколку црвено-црните ги освојат трите бодови на ова дерби, ќе го отпишат Работнички од борбата за титулата, а Вардар ќе биде се поблиску до трофејот. Нивниот натпревар ќе се игра во недела со почеток од 10 часот.
-Важен меч и за пионерите предводени од Сашо Тодорвски, кои исто така се во добра позиција за освојување на првенствената титула. Нашите надежи се наоѓаат на втората позиција на табелата, со само еден бод помалку од екипата на Шкупи, која го држи врвот по завршување на есенскиот дел. Во првото пролетно коло, Вардар го доби дербито со Работнички со минимален резултат од 1:0, со голот на капитенот Рамиќ. Мора да се напомене дека противникот во оваа категорија најниско котира, за разлика од другите генерации на Работнички кои се во борба за трофејот. Вардар е поквалитетен тим, тоа го покажаа и резултатите по првиот дел од сезоната, каде црвено-црните освоија 15 бода повеќе од неделниот противник. Сепак натпреварите помеѓу овие два тима секогаш носеле возбудливи и неизвесни завршници, на кои се надеваме дека нашиот тим на крајот ќе се радува на победата.
-Кадетите доколку победат со своите врсници од Работнички ќе го прескокнат на табелата и ќе се вмешаат во борба за титулата. Факт кој ветува дека можеме да го победиме противникот е гостинскиот триумф од 1:2 на гостинки терен. Тогаш Менкиноски и Геговски донесоа три бода за црвено-црните. На табелата Вардар се наоѓа на четвртото место на табелата, со пет бода заостанување зад првопласираниот тим на Металург. Бодовите од овој дуел се и повеќе од неопходни за избраниците на Влатко Колев, кои мора да го нападнат противничкиот гол уште од првите минути. Овој меч ќе се одигра во сабота на теренот во Марино, со почеток од 10 часот.
Младинското дерби помеѓу Вардар и Работнички можеби треба да донесе најголем квалитет во однос на играта на теренот. Вардар е во бодовна предност пред Работнички, со ист број на бодови со екипата на Академија Пандев и два помалку од лидерот Шкендија. Во есенкиот дел двете екипи ги поделија бодовите, откако натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Единствениот погодок тогаш беше дело на Кристијан Апостоловски. Кој ќе ги освои бодовите од саботниот меч, ќе биде во подобра позиција во борбата за титулата во лигата. Инаку двете екипи ќе играат и во полуфиналето на купот.