Словенија убедливо ја победи нашата репрезентација во квалификациите за Европското првенсто. Вчера во Марибор нашите девојки беа поразени со резултат 35:17 (18:8) На оваа средба предводник на Словенија беше нашиот член Барбара Лазовиќ. Лазовиќ на оваа средба постигна шест погодоци, што ја направи најдобар стрелец на натпреварот. Исто така и новата Вардарка, Мавшар беше една од најефикасните во селекцијата на Словенија со пет постигнати погодоци.
Во нашата репрезентација членот на ЖРК Вардар Јуниор, Теодора Керамитчиева беше најефикасен поединец со пет постигнати голови. Исто така од редовите на црвено – црните во листата на стрелци се запишаа и: Нолевска (2) Митова (1) и Ристовска (1).