Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Следен на ”менито” e Mладост Ц.Д
Следен на ”менито” e Mладост Ц.Д

Следен на ”менито” e Mладост Ц.Д

В недела ФК Вардар го очекува нов натпревар од ПМФЛ. Овој пат нашиот шампион гостува на екипа на Младост Царев Двор. Овој натпревар ќе се одигра во Охрид во недела со почеток во 14 часот. Нашиот тим оваа сезона се сретна два пати со тимот на Младост Ц.Д, и на двата натпревари нашиот тим беше поуспешен.

На првиот натпревар против Младост Ц.Д на теренот во Ѓорче, нашиот тим го ”посрамоти” тимот на ресенчани, тој натпревар нашиот тим го доби со убедливи 6-0. На таа средба по двапати погодија Блажевски и Дашјан додека пак еднаш во листата на стрелците се запишаа Љамчевски и Хамбарџумјан. Додека пак на втората средба во Охрид нашиот тим победи со резултат 1-0, на таа средба голот за Вардарци го постигна Фелипе од пенал.
Очекуваме и трета победа оваа сезона против Младост Ц.Д во недела.