Веќе се одиграаа 21 коло во првата македонска фудбалска лига, 18 се играа во есенскиот дел и досега зад нас се три пролетни кола по кој црвено-црните го држат лидерското место во најсилната фудбалска конкуренција во земјава. Избраниците на Гоце Седлоски досега собраа 52 бода 5 повеќе од тетовска Шкендија која има 47 бода која ни е единствен конкурент за титулата.
Играчите на нашиот фудбалски клуб се најефикасни во првата лига со постигнати 49 погодоци, најблиску до нас се црвено-црните од Тетово со 47 погодока. Овие голови се дело на дури 16 фудбалери на Вардар, најефикасен е Дејан Блажевски со 9, па следи Ивановски со 7, а пак Фелипе и Хоф имаат по 5 тресења на противничките мрежи оваа сезона. На домашен терен имаме 33 погодоци и во оваа категорија сме убедливо најдобар фудбалски состав, а пак на гостински терен имаме постигнато 16 погодоци. Во просек сезонава имаме 2,33 постигнати голови по меч. Во одбраната црвено-црните играат повеќе од одлично оваа сезона и таму сме лидери пред другите екипи со најмалку примени погодоци во нашата мрежа. Во нашиот гол завршиа само 10 удари во изминатите 21 меч, со кој сме пред Шкендија која има примено 17 гола и Шкупи со 18 гола. Интересно е што на домашните мечеви примивме 6 гола, а на гостувањата само 4. Во просек примаме само 0, 47 гола по меч. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека на крајот од сезоната ќе славиме нова титула.