Пионерките на РК Вардар дојдоа до нивната првата победа во првиот меч годинава, тие на мечот кој се играше во Кале беа поуспешни екипата на Овче Поле. Добрата одбрана ги красеше девојките во текот на целиот меч, голманките беа одлични, и конечниот резултат на семафорот на крајот гласеше 26-9. На голот во вториот дел застана младата вардарова надеж Станчева Ивана која пружи одлична партија и прими само три погодока во вториот дел. Таа со ракомет почнала да се занимава од 2013 година, на нејзини 11 години. Првите ракометни почетоци ги имала во ракометниот клуб “Илинден-Вардар”. Ивана ги имала својте почетоци како играч се додека не решла да бидам голман, во што повеќе од одлично се снајде. Ја запрашавме да ни каже како стигна да биде на голот на црвено-црниот ракометен колектив :
Пролетта во 2015 година моите тренери ми кажаа дека ќе бидам дел од селекцијата на РК Вардар, за да бидам дел од пионерките на Вардар. Бев возбудена и имав трема ,но секогаш се трудев да го дадам мојот максимум. Се заврши добро и на крајот на август започнавме со тренинзи во РК Вардар. Првите тренинзи ни беше потешко бидејќи не се познававме, но како поминуваше времето се запознавме подобро и беше полесно.
Станчева беше повеќе од одлична на последниот меч со Овче Поле во изминатото коло, таа во вториот период внесе голема сигурност , редеше интервенција за интервенција и го презенираше својот и така несомнен квалитет. кој го поседува. Таа за овој меч и за очекувањата за мечот со Куманово кој е следен наш противник и очекувањата од сезонава вели :
Од настапот на последниот натпревар со Овче Поле влеговме целосно мотивирани од страна на нашиот тренер Драгана Пецевска. Многу сум задоволна од моите соиграчи кои одигравме одлично и во напад и во одбрана. Следниот дуел ни е со посилен противник тимот на Куманово кои имаат добра екипа, но ние ќе се бориме до крај .Ова е прва сезона во која се натпреваруваме заедно и сме најмладите во лигата и на секој натпревар очекувам се подобри и подобри резултати.- изјави Станчева за нашиот сајт.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ