По саботното македонско дерби во кугларската лига веќе нема непознаници за пласманот и редоследот на екипите во МКЛ. Нашите црвено-црни момци покажаа дека се класа, прикажаа одлична игра оваа сезона и во последниот меч за само 18 “соборени дрва“ ја изгубивме титулата која замина кај 15- кратниот шампион на Македонија екипата на Кк Макпетрол. “Фортуната“ едноставно сезонава беше наклонета на “пумпашите“, но покажавме дека се крајно ранливи и дека се екипа во залез за разлика од Вардар која е екипа која “надоаѓа“.
Вардар цело првенство особено во пролетниот дел ги имаше својте “два мотори“ бесценетото дуо “Димитар Димитровски- Бојан Влаќевски“ кој од меч во меч се натпреваруваа кој поголем придонес ќе донесе за вардарци, речиси секогаш идеа над бројката 600 “соборени кугли“. Констатираме дека е вистинска првилегија за нас вљубениците во црвено-црните бои и тренерот Драги Димитровски да ги имаме во ВАРДАP. По завршување на ова првенство кугларската федерација на Македонија ги објави листите со најдобри просеци за изминатата сезона 2015/2016, а на истите сосема очекувано врвот го држат вардаровите куглари. Првата позиција е резервирана за “Дијамантот“ на Кугларски Клуб Вардар најдобриот куглар во последната деценија во земјава Димитар Димитровски, а втората е резервирана за “Кугларскиот Моцарт” феноменалниот куглар, соборувачот на рекорди Бојан Влаќевски. Влаќевски има просек од 622,8 “соборени дрва“ по меч со кој е сврсто позициониран на втората позиција, Бојан зад своето име зашипа девет натпревари оваа сезона. Лидерот на листата за најдобар скор во МКЛ за годинава Димитровски оствари просек од 626,5 “соборени дрва“ по одигран меч, тој одигра осум натпревари сезонава за Вардар. Единствен кој има просек над 600 “соборени дрва’’ во лигата е третопласираниот Сашо Трпковски од шампионот Кк Макпетрол, а сите други куглари во земјава се под “магичната граница за соборени дрва“ од 600. Залудно е да се трошат зборови за овие двајца момци веќе доволно ги фаливме во серијата текстови наназад за ова дуо, само ќе им посакаме да што е можно побргу со круна да ја збогатат својата богата биографија.