Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Томинела Јованчевска: “Јуниор“ лигата е навистина добра шанса за сите тимови да ги покажат своите знаења кои што ги стекнале досега
Томинела Јованчевска: “Јуниор“ лигата е навистина добра шанса за сите тимови да ги покажат своите знаења кои што ги стекнале досега

Томинела Јованчевска: “Јуниор“ лигата е навистина добра шанса за сите тимови да ги покажат своите знаења кои што ги стекнале досега

Утре продолжуваат натпреварите од ракометната “Јуниор“ лига, од 6 и 7 коло во машка и женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар Јане Сандански и на Кале. Ние како медиум кој ги прати случувањата во лигата продолжуваме со промоција на учесниците во лигата.

-Сметам дека “јуниор“ лигата е навистина добра шанса за сите тимови да ги покажат своите знаења кои што ги стекнале досега. Освен тоа е добро што во лигата учествуваат тимови од други градови, па исто така имаме можност да се натпреваруваме со нив. Сметам дека јуниор лигата е високо организирана и дека истата треба да се одржува секоја година бидејки така би имало поголем напредок помеѓу членовите на ракометните академии.

Томинела Јованчевска настапува за екипата на РК Кузман предводена од тренерот Александра Кузмановска.

-Дел сум од Рк Кузман Вардар и навистина сум задоволна од соработката во нашиот тим. Заедно со девојките на секој натпревар се трудиме да го извлечеме нашиот максимум и да ги покажеме нашите најдобри вештини и знаења, стекнати на напорните тренинзи.Од резултатите на мојот тим сум многу задоволна бидејки секој натпревар за нас претставува нов предизвик пред кој што стоиме и истиот треба да го поминеме за да стигнеме до победата.

Најдобрите поединци во оваа лига ќе имаат можност да се приклучат во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Оваа лига за мене претставува предизвик а исто така и цел до која што сакам да стигнам,бидејки само најквалитетните играчи од академиите можат да бидат дел од младинските екипи на ракометниот клуб Вардар, изјави Томинела Јованчевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски