Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 во недела го отвара пролетниот дел во првата ракометна лига
РК Вардар 2 во недела го отвара пролетниот дел во првата ракометна лига

РК Вардар 2 во недела го отвара пролетниот дел во првата ракометна лига

Екипата на РК Вардар 2 во недела го стартува вториот дел од сезоната во првата ракометна лига. Избраниците на Стојан Петрушевски се наоѓаат на второто место на табелата, кое води во баражот за пласман во најсилната супер лига. Во недела во спортскиот ракометен центар Кале со почеток од 20:00 часот ни гостува екипата на Риниа-М од Чаир. На првиот дуел одигран на гостински терен, црвено-црните забележаа триумф со резултат 20:26. Вардарци имаат забележано 9 победи и 2 порази и се наоѓаат во добра позиција за освојување на првото место кое носи директно во супер лигата. Риниа не би требало да претставува проблем за нашиот состав, кој ќе биде ослабен за Арсеновски и Јагуриновски, кои заминаа во екипата на Металург.

Сепак искусниот стратег на клупата, Петрушевски има и повеќе од квалитетни играчи на сите позиции кои подеднакво можат да одговорат на неговите задачи. Дека тимот се наоѓа во добра форма покажаа и мечевите од 1/8 група на купот, каде Вардар оствари две убедливи победи и се пласираше во следната 1/4 група од националниот куп.