Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ ја предводеше Хрватска до победа во дуелот со Црна Гора
Пенезиќ ја предводеше Хрватска до победа во дуелот со Црна Гора

Пенезиќ ја предводеше Хрватска до победа во дуелот со Црна Гора

Вчера се одиграа натпреаври во рамките на квалификациите за европското ракометно првенство во Шведска. Во нашата група покрај мечот Словенија- Македонија се одигра уште еден дуел, тоа беше дербито помеѓу селекциите на Хрватска и Црна Гора. Пред преполната арена во Сплит, домаќинот на овој дуел успеа на крај да излезе како победник во мечот со селекцијата на Црна Гора. На овој натпревар настапија и четири ракометарки од редовите на Жрк Вардар. Пенезиќ во победничкиот, Кликовац, Радичевиќ и Грбиќ во поразениот тим беа девојките кои го носат црвено-црниот дрес. Поуспешна беше Пенезиќ од своите клупски соиграчи, “бомбардерот“ на Вардар постигна дури 11 голови и беше најефикасна во својата репрезентација и најзаслужна за оваа победа.

Црна Гора добра го започна мечот, дури имаше и водство од 6:10, за до крајот на првото полувреме домаќинот се врати во игра и да го израмни резултатот на 13:13 со кој се замина на одмор. Вториот дел се играше некако гол за гол, но сепак Хрватска подобро се снајде во моментите кога се одлучуваше мечот. На 12 минути пред крај имаа предност од 20:18, која до крај се покажа как пресудна за конечниот победник.

Пенезиќ беше стрелец на 11 голови, Радичевиќ постигна 4 а Кликовац 1 гол. Во составот на Црна Гора беше и Итана Грбиќ која не успеа да се запише во листата на стрелци на овој меч.