Начелно е договорно и ако се уште неофицијално пријателски меч помеѓу нашиот Фудбалски клуб Вардар и тимот кој доаѓа од најсилната лига на северниот сосед “Јелен Супер лига “ Раднички Ниш. Овој пријателски меч би се одиграл во Ниш на 29 Март- Недела.Тимот на Раднички кој лани беше во горниот дел на табелата оваа сезона се наоѓа на 14место до 16 учесници во најсилната прва фудбалска лига во Србија . Ова е шанса да се одигра квалитетен меч со тим од соседството во термин кога има пауза во домашниот фудбалски шампионат . Овие два тима одиграа пријателска минатата сезона исто така во Ниш меч кој заврши со резултат 1-1 на полувреме Нишлиите водеа со 1-0 . На тој меч полувремињата беа по 35 минути , а за нашите Црвено-Црни момчиња стрелец беше Стојчевски .