По ждрепката и Г-н Давор Стојановски директорот на РК Вардар го искажа своето задоволство за противникот кој ни се падна во ждребот . Тој го задоволството бидејќи Вардар го доби посакуваниот од можните противници за 1/4 финалето од Европската ракометна лига на шампиони. Тој кажа дека интересен е дуелот на таткото и синот Душебаеви и тоа дека шансите за двата тима се подеднакви за настап на Ф4 турнирот . Стојановски во изјавата пренесена од сајтот на Црвено-Црните за ждрепката вели :
„Го посакувавме Кјелце, и се надевавме дека ждрепката ќе ни биде наклонета. Верувам и уверен сум дека тоа ќе бидат два крајно неизвесни и интересни натпревари. Ние сме подготвени за Келн. Ќе дадеме се од себе да ја искористиме шансата што ни се укажува. Сите екипи имаат квалитет, бидјеќи се во Топ-8 во Европа. Вардар по вторпат е на чекор до Ф4, и сега не очекува повторно период на подготовка за да ја оствариме посакуваната цел, вели Стојаноски.
фото-rkvardar.mk