Фудбалскиот клуб Вардар отсекогаш ги привлекувал најдобрите млади играчи од земјава, особено тоа е случај по формирањето на Академијата на ФК Вардар и нејзиното збогатување со објекти и терени. Најново засилување за пионерите на Вардар е младиот дефанзивец кој премина сега на полусезоната од екипата на ФК Работнички, Јоце Радевски.
Радевски почнал да се занимава од најмали години со фудбал, веќе од неговата седма година почнал да другарува со “бубамарата“. Своите фудбалски почетоци ги имал во фудбалската школата на ФК Маџари Солидарност. Потоа преминува во екипата на ФК Скопје, а одтаму заминува и последната година и половина е член на ФК Работнички од каде доаѓа во црвено-црниот пионерски тим предводен од Сашо Тодоровски. Тој игра на позицијата централен дефанзивец, но подеднакво добро се снаоѓа на сите позиции во последната, одбранбена линија на екипите за кој настапувал досега. Вардар фанс како верен известувач од младите категории на Вардар, од најновото засилување за одбраната на пионерскиот тим ви носи негова изјава, Радевски на нашиот сајт вели:
Како и на секое дете во Скопје отсекогаш ми беше желба да бидам дел од најуспешниот клуб во Македонија, ФК Вардар. Преминувањето во редовите на најдобриот македонски тим, поточно во пионерскиот состав кој е носител на “двојната круна“ од минатата сезона пред се за мене тоа претставува голем успех. Имам голема желба за понатамошно напредување во најдобриот клуб со најдобрите тренери кои тука работат со младите момци. Вардар мора да потенцирам има европски услови за работа на младите фудбалски категории, што не е случај во тимовите во кој сум бил претходно. Мојот сон е остварен да бидам дел од најдобрите. Со тимот очекувам голем број на успеси, победи и се надевам пак дека ќе бидеме двојни шампиони оваа натпреварувачка сезона. Лесно се адаптирав овде, уште првиот ден кога дојдов. Атмосферата во тимот беше одлична, соиграчите многу ми помогнаа да се вклопам што побргу во тимот- изјави Радевски за нашиот сајт.
Михајло Тушевски.