Викендов на програмата е новото коло во женската кошаркарска лига, сепак црвено-црните девојки овој викенд нема да настапат бидејќи поради непарниот број на женски прволигаши секое коло еден тим е “слободен“. Токму ова коло таа улога му припадна на ЖКК Вардар.
Девојките на Вардар изминатиот викенд имаа гостување во Струга кај тимот на ЖКК Струга 2009, тој меч нашите девојки го добија со резултат 59:47. Тоа беше втор триумф за Вардарки, кои по три кола одиграни имаат биланс од две победи и еден пораз, односно освоивме пет од можните шест бода досега. По три одиграни рунди имаме 164 дадени кошеви, односно 173 примени. Следниот меч го играме со тимот од Кавардарци, МНА Кожувчанка тој меч најверојатно ако нема измени ќе се одигра во среда.