Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младата фудбалска репрезентација ги доби противниците за ЕП, отвараме на 17-ти јуни против “црвената фурија“
Младата фудбалска репрезентација ги доби противниците за ЕП, отвараме на 17-ти јуни против “црвената фурија“

Младата фудбалска репрезентација ги доби противниците за ЕП, отвараме на 17-ти јуни против “црвената фурија“

По историскиот успех кој го направи младата фудбалска репрезентација со пласманот на ЕП, вечерва ги доби противниците во групата на Европското првенство кое ќе се игра во Полска. Ждрепката сакаше да играме против Португалија, Србија и Шпанија. Мундијалот ќе се игра во периодот од 16-30-ти јуни следната година. Првиот натпревар нашата селекција ќе го одигра на 17-ти јуни против репрезентацијата на Шпанија.  Гдиња, Бидгошч се градовите каде ќе настапуваат избраниците на Милевски.  Тешка група за Македонија, Србија е актуелен светски шампион, додека познат е квалитетот и на Шпанија и Португалија, кои важат за едни од најдобрите фудбалски нации во Европа.

Да потсетиме дека во составот на нашата репрезентација се наоѓаат и четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Алексовски, Николов, Велковски и Петковски ќе не претставуваат на овој мундијал.