Вечерва стартуваше деветтото коло во најсилната група Б од лигата на шампиони, каде се натпреварува и екипата на РК Вардар. Загреб и Рајн-Некар го отворија колото и изненадувачки мечот му припадна на шампионот на Хрватска. Дека оваа група е непредвидлива и полна со изненадувања покажа и вечерашниот натпревар на кој веќе “отпишаниот“ ППД Загреб пред својата пубилка славеше против големиот фаворит. Очигледно дека на Загреб му лежат екипата од бундеслигата, само за потсетувања минатата сезона токму Рајн-Некар беше противникот кој го елиминираа во осминафиналето.
Натпреварот започна со водство на Рајн-Некар од 1:3, но во следните пет минути, домашниот тим стигнува до израмнување на 4:4. Сепак во продолжение од натпреварот шампионот на Германија ја презеде доминацијата, прави серија од 1:6 за зголемување на резултатот на 5:10. Ова водство го одржуваа до крајот на првиот дел, кога на одмор заминаа со резултат 10:15.
Во вториот дел следиме голем резултатски пресврт на ППД Загреб кој успева да го израмни резултатот на 16:16. Избраниците на Ивандија се надминуваат себеси и во 48 минута имаа серија од 11:2, со кои Загреб стигна до највисоки 21:17. Сепак Германците и покрај овој голем пресврт не се предадоа предвреме, постигнуваат три последователни голови и намалуваат на 21:20. Загреб прави ново одлепувања и зголемува на 23:20. Голманот Скок стигнува до својата осма одбрана и му носи помирна завршница на својот тим. Игор Вори ги враќа највисоките четири голови разлика, додека во контра-напад Шебетиќ можеше да стави точка на натпреварот, но ја погоди само пречката од голот на Апелгрин. Казнува Манасков на спротивната страна за намалување на 24:21 на четири минути пред крајот. Словенскиот репрезентативец на голот на Загреб, Скок не дозволува Рајн-Некар да се приближи резултатски и ја бележи својата деветта успешна интгервенција. На минута и нешто повеќе пред крајот погодува Јотиќ за водство од 25:21, по што немаше повеќе време за бундеслигашот. Загреб го слави својот голман, Скок кој беше најзаслужен за пресвртот во второт полувреме
Игор Вори кај Загреб и Манасков кај Рајн-Некар постигнаа по 5 голови.
Рајн-Некар имаше можност со победа да избие на врвот во групата, каде сеуште лидер останува екипата на Вардар, која во недела го игра дербито со екипата на Киелце.