Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Јовица Радевски: Никој не можеше да предвиди ваков резултат, пресреќни сме што го освоивме купот
Јовица Радевски: Никој не можеше да предвиди ваков резултат, пресреќни сме што го освоивме купот

Јовица Радевски: Никој не можеше да предвиди ваков резултат, пресреќни сме што го освоивме купот

Трофејот од младинското куп финале му припадна на Вардар, кој за само 20 минути во првото полувреме успеа да го реши освојувачот на националниот куп. Иако се очекуваше порамноправно и неизвесно финале до самиот крај, тоа не се случи, вардарци се покажаа понадмоќни од Шкендија, која на крајот мораше да се помири со ваквиот висок пораз (4:0). Вардаровите младинци одиграа одличен меч, едноставно покажаа поголема желба, но и квалитет во однос на противникот, па на крајот сосема заслужено го подигнаа трофејот. Нашата мрежа на овој дуел остана незатресена, а покрај голманот Андов, придонес имаше и целата дефанзивна линија, во која беше и десниот бек, Јовица Радевски, кој во вториот дел спаси чист погодок на тетовчани, откако успеа со глава да ја исфрли топката од гол линијата. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од финалниот дуел, истакнувајќи дека неговиот тим влегол максимално сконцентирано од почетокот на мечот, а ваквиот пристап им го донесе на крајот трофејот.

60881690_613554542460940_7755898620821372928_n

-Како прво мораме да и честитаме и на екипата на Шкендија, за фер и коректната игра, искрено очекувавме тврда утакмица и борба на двете страни до самиот крај, никој не можеше да предвиди ваков резултат против екипа која до вчерашното финале имаше максимален учинок на победи, но никогаш не заборавивме дека ние сме Вардар, кој на секој меч оди на победа. Од самиот почеток влеговме максимално сконцетрирани со желба за победа и со тоа следуваше и првиот гол кој и впрочем ни беше како „ветер“ во грб за понатаму да оствариме толку висок резултат.

57

Кога имаш на клупа тренер, како Сашо Тодоровски, мора да се надеваш дека на крајот од сезоната ќе освоиш трофеј, така беше случај и во ова финале, иако мора да се напомене дека придонес во освоениот куп има и тренерот Андовски, кој беше предводник на младинците во есенскиот дел од сезоната. Рап-Тап уште еднаш покажа дека се работи за еден од најдобрите тренери во Академијата на Вардар.

-За тренерот, Тодоровски, можам да кажам само пофални зборови, со него работам втора година и одлично се вклопив во неговите идеи. Едноставно знае како се освојуваат трофеи и тоа го покажува секоја сезона. Одлично ја постави нашата игра, ни навестуваше за слабостите на Шкендија, а неговите совети ги пренесовме на теренот, што на крајот и даде резултат.

9

Младинците на Вардар се вицешампиони на Македонија, а Радевски искажа задоволство од постигнатите резултати сезонава, истакнувајќи дека двојната круна била целта на овој состав.

-За изминатава сезоната можам да кажам дека беше солидна, не можеме да бидеме незадоволни од резултатот кој го остваривме, иако целта ни беше двојната круна. Во секој случај пресреќни сме со освојувањето на купот.

52

Звонко Ивановски.