Најмладата женска ракометна екипа на Вардар, пионерскиот состав на Анжела Платон и Марија Папуџиева утрово од пред “Јане Сандански“ заминаа за Црна Гора. Тие ќе играат на турнир во градот Никшиќ од утре (24.мај) до недела, 26.мај.
Станува збор за шестиот интернационален турнир за девојки помлади од 18.години кој се одржува во овој црногорски град. Покрај домашните екипи како Будуќност, на турнирот покрај ние како преставници од Македонија ќе има учесници од соседна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Им посакуваме среќа на младиот пионерски тим на вардарки кој всушност ќе игра дуели со кадетски тимови на овој собир.