Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Утре, пом.пионери на ФК Вардар ќе бидат крунисани во Шампиони на Македонија, кадетите и младинците во сабота гостуваат кај Шкендија
Утре, пом.пионери на ФК Вардар ќе бидат крунисани во Шампиони на Македонија, кадетите и младинците во сабота гостуваат кај Шкендија

Утре, пом.пионери на ФК Вардар ќе бидат крунисани во Шампиони на Македонија, кадетите и младинците во сабота гостуваат кај Шкендија

Во петок и сабота своето последно првенствено 27.коло ќе го одиграат младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Во петок на теренот на Академијата, пионерските екипи се домаќини на Шкендија, додека во сабота, кадетите и младинците гостуваат во Тетово.

Утре, помладите пионери ќе бидат крунисани во шампиони, во својата дебитантска сезона во помладата пионерска супер лига. Избраниците на Филип Деспотовски одиграа одлична сезона, пред се во пролетниот дел, кога имаа само два нерешени резултати, без пораз и дури десет победи, период во кој ја направија потребната разлика, пред екипата на Победа, која се покажа како единствен конкурент за трофејот на црвено-црните, сепак прилепчани не издржаа до крајот да го задржат чекорот во борбата за титулата. Сигурно дека утрешниот меч нема резултатско значење, но не се сомневаме дека момците на Деспотовски ќе сакаат со победа да ја завршат сезоната во лигата, иако сега мислите се насочени кон финалето од купот, каде во среда се игра големото финале против екипата на А.Пандев, па сигурно дека стратегот на пом.пионери ќе ги чува силите за тој дуел. Мечот во петок, на теренот на Академијата, стартува од 11:00 часот, а по една победа им припадна на двете екипи, во двата претходни меѓусебни дуели оваа сезона.

Пионерите имаат тешка, но не и невозможна мисија за освојување на првото место. Најпрво во петок, избраниците на Кралевски ќе треба да слават на домашен терен против Шкендија, а потоа во недела да го очекуваат исходот од дуелот на Академија Пандев, која гостува кај екипата на Ренова. Црвено-црните иако имаа високи седум бодови предност пред струмичани, дозволија да ја прокацкаат во последните пет кола, откако загубија на три натпревари. Тешко е да се верува дека А.Пандев би загубила во Тетово, но оставаме да измине неделата, па да сумираме на крајот. Натпреварот на пионерските екипи во петок започнува од 13:00 часот. На домашен терен во есенскиот дел, Вардар славеше триумф, додека Шкендија врати со победа на мечот кој се одигра во Тетово.

Кадетите и младинците во сабота, во термините од 10:00 и 12:00 часот го играат последното коло, во кое гостуваат кај екипата на Шкендија. Екипите од Тетово успеаа да станат шампиони и во кадетската и младинската супер лига, така што и овие дуели немаат резултаско значење. Сепак за дресот на Вардар мора да се одигра максимално до последната минута, без оглед на важноста на натпреварите, посебно на дуели против Шкендија. Младинците прв пат сезонава го победија својот ривал и тоа во големото финале на купот, во кое славеа убедливо со резултат 4:0, додека во лигата оваа сезона имаат два порази од Шкендија, па саботниот дуел е шанса за вардарци да врзат две победи по ред за кратко време.