Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Грујовска, Илиќ, Николиќ, Божиновска, Седлоска, Џатевска и Трпевска ќе ја “тестираат“ Бугарија во ЕХФ неделата
Грујовска, Илиќ, Николиќ, Божиновска, Седлоска, Џатевска и Трпевска  ќе ја “тестираат“  Бугарија во ЕХФ неделата

Грујовска, Илиќ, Николиќ, Божиновска, Седлоска, Џатевска и Трпевска ќе ја “тестираат“ Бугарија во ЕХФ неделата

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата младинките ќе одиграат два  подготвителни натпревари против младинската репрезентацијата на Бугарија за претстојниот Европски Шампионат во Литванија.

Првиот натпревар ќе се одигра на датум 01.06.2019 во 16:00 часот во спортската сала „Автокоманда”, ден подоцна на 02.06.2019 со почеток во 11:00 часот во спортската сала „Автокоманда” ќе се одигра и вториот натпрвар. Собирот е закажан за ден 27.05.2019 (понеделик) со почеток во 15:30 часот во Спортска сала „Автокоманда” во Скопје.

На списокот имаше место за дури седум вардарки, станува збор за две голманки: девојката која бранеше со Црна Гора за време на ЕХФ неделата- Симона Грујовска, а сега е повикана и   Илиќ Андреа.  Потоа три девојки од бековската линија на црвено-црните кои беа дел и претходно од младинската селекција за минатиот собир: Ана Марија Божиновска, Седлоска Андреа и Николиќ Милица. Повик има  за пикерот Џатевска Ивана, и девојката која одигра добар пролетен дел и се очекуваше тоа да се награди со покана,  крилото Трпевска Ивона. 

*Целиот повикан ростер може да го најдете на следниот линк- ОВДЕ