Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе би останал уште една сезона во Вардар!
Скубе би останал уште една сезона во Вардар!

Скубе би останал уште една сезона во Вардар!

Словенечкиот репрезентативец Сташ Скубе би останал во редовите на Вардар уште една сезона, барем така велат нашите информации.

Скубе се покажа како одлично засилување за “црвено – црните”, па доколку Вардар успее да го задржи сигурно ќе заврши голема работа на позицијата среден бек за наредната сезона.

Словенечкиот репрезентативец ќе биде и еден од главните адути на Парондо на завршниот турнир во Келн кој се игра за помалку од десет дена, на кој Вардар ќе бара повторување на историскиот успех од 2017 година.