Шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар максимално ќе ја искористи паузата поради репрезентативните обврски, и ќе одигра пријателски натпревар против тимот на Раднички од Ниш. Пријателскиот меч ќе се одигра утре со почеток во 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Раднички од Ниш денеска пристигна и ќе преноќи во Скопје пред утрешниот пријателски натпревар. Раднички оваа сезона во првата лига на Србија отвори на одличен можен начин за нив. ”Нишлиите” моментално се наоѓаат на четвртата позиција во првата лига, со скор од четири победи, една нерешена и два порази. На последниот натпревар, како домаќин, Раднички го победи тимот на Младост Лучанин со резултат 2-0. Досега Саша Стојановиќ за Раднички има постигнато четири погодоци, и, е прв стрелец на тимот.