Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар делува моќно, победа над Ларвик
Вардар делува моќно, победа над Ларвик

Вардар делува моќно, победа над Ларвик

Вардарки започнаа со победа. Попладнево на пријателски натпревар беше совладан шампионот на Норвешка, тимот на Ларвик со резултат 35-27 (20-11). Пред почетокот на натпреварот се случија две нови убави вести. Оваа сезона помошник тренер на Индира Кастратовиќ ќе биде Аце Станковски, кој денеска дебитираше на клупата на Вардар. Втората беше исто така убава вест. Пред почетокот на мечот славеничката Ања Алтхаус доби букет цвеќе од својата екипа.

Вардар во првиот дел одигра повеќе од солидно. Нашите девојки уште од стартот на натпреварот имаа контрола на резултатот, а како одминуваше и времето на семафорот, разликата помеѓу овие два тима се повеќе се зголемуваше во полза на нашиот тим. По првите 30 минути, нашите девојки успеаа да постигнат солидни 20 голови. Одбраната беше на ниво, иако се ова први натпревари пред новата сезона, сепак нашата одбрана во првиот дел функционираше добро, и прими 11 погодоци.

Во вториот дел Вардар продолжи да игра убедливо во нападот. Во вторите 30 минути успеавме да постигнеме 15 погодоци, што значеше и недостижна предност за Ларвик. Нашите девојки беа расположени на овој меч, голманките на Ларвик дури 35 пати ја вадеа топката од својата мрежа. Одбраната на Вардар во вториот дел прими повеќе погодоци од првиот дел, но и 27 примени погодоци на крај беа малку, за норвешкиот шампион да му се доближи на Вардар. Утре не очекува уште еден пријателски натпревар против овој тим, во истото време како и денеска.

Вардар: Радичевиќ 5, Кликовац /, Херем 2, Мавсар /, Алтхаус 2, Пенезиќ 4, Човиќ /, Ихнева 1, Суслина (одбрани 7), Хмирова 3, Лекиќ 4, Песоа (одбрани 8), Ристовска 2, Дамњановиќ 5, Лазовиќ 7, Илина /.