Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Полуфинале за пионерите на РК Вардар на турнирот “Дубрава 2016“

Полуфинале за пионерите на РК Вардар на турнирот “Дубрава 2016“

Пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на турнирот “Дубрава 2016“ во Загреб. После вчерашните три убедливи победи, денес избраниците на Андријана Будимир постигнаа една победа и пораз, со што ќе имаат можност да се борат за големото финале.

Утрово следен противник за црвено-црните беше екипата на Чаковец, која немаше никакви шанси за надигрување со Вардар. Уште на стартот беше познато кој ќе излезе како победник. Еден примен гол во првото полувреме за нашите млади надежи, говори за нашата супериорност во одбраната. Тренерот Будимир одлично ги постави своите момци на овој натпревар, ротирајќи во двата правци на играта. По првиот дел резултатот беше 12:1, а ретко која младинска екипа на еен турнир може да прими само еден погодок за цели 20 минути.

Овој резултат по првиот дел и овозоможи на Андријана Будимир да им даде шанса за настап на сите играчи, со цел сите да бидат одморени за главните предизвици кои следат. Овој период беше само чиста рутина за Вардарци и одработување на натпреварот. Без никакви проблеми успеавме да забележиме уште еден триумф во групната фаза, што беше вкупно четврти.

vardarfans polufinale

Во решавачкиот натпревар за првото место се сретнавме со екипата на РК Дуго Село, кој инаку се трикратни шампиони на Хрватска во својата категорија. Овој меч му припадна на противникот, кој во текот на целиот меч имаше блага предност од 1-2 гола разлика. Вардар имаше и удар од седум метри за нерешено, но не го искористивме, Тоа екипаа на Дуго Село знаеше да го искористи и на крајот да слави со резултат 21:17. На полувреме резултатот беше 11:9. На поразот можби влијае и судиите, кои во најголем дел од второто полувреме, исклучуваа играч во нашите редови. Сепак не треба да им се замери за борбеноста на нашите момци и прикажаната игра.

Утре на програмата е полуфиналето со екипата на Загреб.