Вардаровите кадети продолжуваат со првенствените победи во новата сезона. Тие успеаа да ги добијат своите врсници од екипата на Милано и да освојат нови три бода. Само неколку минути беа потребни да се “скрши“ отпорот на гостинската екипа и на стартот на второто полувреме со головите на Дејан Стоименов да се реши победникот. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Многу подобра игра во вториот дел за нашите кадети, им овозоможија два погодоци и уште неколку добри шанси за зголемување на резултатот. Херојот во победата беше Дејан Стоименов кој донесе нови три бода за својата екипа.
-Одигравме како што се договоривме во соблекувалната, ја контролиравме играта цел натпревар и ги освоивме трите важни бода. Дуелот беше полн со борба на теренот, стартови и со добра игра на двете страни, но ние ја посакувавме победата повеќе. Првото полувреме не го одигравме како што требаше и како се договоривме на почетокот. На полувреме тренерот ни ги кажа грешките што ги правевме и не потикна дека можеме многу подобро да одиграме. Во вториот дел се виде разликата и дека сме подобар противник. Задоволни сме целата екипа како одигравме и најважното е што од три натпревари имаме исто толку победи.
Стоименов верува дека неговиот тим има квалитет и желба да биде на врвот во двете натпреварувања.
-Се разбира дека треба да продолжиме секоја нареден меч да го добиваме, бидејки секој друг резултат освен победа е лош за нас. Ние сме Вардар и мора да мислиме само на триумф. Очекувањата се да бидеме шампиони во лига и во купот. Со напорна работа и труд мислам дека можеме тоа да го оствариме, изјави Дејан Стоименов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски