Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Браќата Крстевски расположени за голови овој викенд
Браќата Крстевски расположени за голови овој викенд

Браќата Крстевски расположени за голови овој викенд

Овој викенд генерациите на ФК Вардар одиграа ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички како и секој викенд, така и овој генерациите 2006 и 2007 имаа свој настапи, кои завршија со победи. Интересно е тоа што во редовите на ФК Вардар генерација 2006 игра Дамјан Крстевски, а во генерацијата 2007 игра неговиот помал брат Марко Крстевски. И двајцата денеска имаа забележлив настап со по три гола во мрежата на противникот.

Дамјан Крстевски како што напоменавме настапува за генерацијата 2006. Дамјан денеска имаше одлична партија за својот тим, иако не игра како напаѓач Дамјан успеа да им даде три гола денеска на Еуростар. Честитки до Дамјан за постигнатиот хет-трик денеска.

Дамјан Крстевски

Дамјан Крстевски

Помалиот брат на Дамјан, Марко настапува за генерацијата 2007 на Вардар. Марко Крстевски како и на секој натпревар, така и на денешниот постигна многу погодоци. Марче исто како неговиот брат денеска постигна хет-трик во победата над ФК Работнички.
Им посакуваме уште многу хет – трикови и на двајцата фудбалери во иднина во дресот на Вардар.

Марко Крстевски

Марко Крстевски