Вечерва со настапи во ракометната супер лига, започнаа и избраниците на Раул Гонзалес, кои со триумф ја најавија одбраната на титулата во домашното првенство. Во спорската сала “Билјанини извори“ екипата на Охрид беше домаќин на Вардар. Домашната екипа мотивирана од публиката одлично го започна овој дуел и некаде до средината на првиот дел изненадувачки имаше и водство од три гола разлика (8:5). Ова како да ги подналути Вардарци кои започнаа многу подобро да играат и полека да ја стигнуваат предноста на Охрид. До крајот на првиот дел, противникот успева да постигне само три гола, додека црвено-црните игра се подобро и во нападот и одбраната, што резултираше комплетно да ја преземеме предноста и на полувреме да заминеме со водтство од 11:16.
Квалитетот на Вардар дојде до израз во второто полувреме, кога не дозволивме повторно Охрид да се надева на нешто повеќе од овој меч. Предноста се повеќе растеше, во еден момент имавме и двоцифрена предност. Рутински го доведовме крајот на натпреварот, победувајќи со резултат 21:30. Најефикасен во нашиот состав беше Хорхе Македа со 8, додека Сергеј Горбок постигна 7. Во составот за овој меч не беа Штербик, Лазаров, Душебаев и Циндриќ.
Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов 1, Брумен, Тоскиќ 1, Манасков 4, Македа 8, Карачиќ 4, Абутовиќ, Дибиров 3, Горбок 7, Шишкарев 1, Марсениќ 1.