Нашиот ракометен шампион со победа го отворија плеј-офот во супер-лигата. Во спорстската сала “Билјани извори“ совладан беше домашниот тим на Охрид. Преполната сала како да ги мотивараше Охриѓани да одиграат добар натпревар, кои имаа водство се до 20 минута од првото полувреме. Сепак до крајот на мечот, квалитетот на црвено-црните дојде до израз, кои заиграа подобро и на крајот сосема заслужено ја забележаа првата победа во супер лигата. Конечниот резултат гласеше 21:30
Домашната публика не пропушти да му даде поддршка на Вардар, пред можеби најважните два натпревари од сезоната во лигата на шампиони. За неколку дена ни претстои голем предизвик, на патот кон Келн ни стои екипата на Веспрем. “Со Охрид во срце, со Вардар во Келн“, вака Охридската публика му даде поддршка на Вардар.