Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Распоред за првиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“
Распоред за првиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“

Распоред за првиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“

Во недела со почеток од 10-00 часот на стадионот во Аеродром  кој се наоѓа во близина на  С.Ц “Јане Сандански“ ќе се случи  првиот пролетен турнир  во фудбалската “Вардар Јуниор“ лига. Во оваа фудбалска Јуниор лига ќе земат учество 11 екипи. Истите ќе се натпреваруваат  со фудбалерчиња во  генерациите од 2003 до 2006 година. Тимовите  ќе бидат поделени во 2 групи, источна и западна и  предвидено е да бидат одиграни 5 кола. За време на сите овие пролетни кола секоја екипа ќе има можност да биде домаќин на еден од турнирите. Според планот предвидено е во месец  јуни да се   организира  летен камп, во чии рамките на кој ќе се одржи и завршниот турнир. По завршувањето на овие турнири ќе се прогласат најуспешни поединци. Распоредот за првото пролетно коло е следен:

Генерација 2003 година (времетраење на натпреварите 2 Х 20 минути):

10:00 часот: Ново Лисиче, Скопје – Еуроспорт-Вардар, Куманово
10:50 часот: Слога 1934-Вардар, Виница – Мал Ајакс-Вардар, Штип
11:40 часот: ФК Вардар – ФК Прилеп
12:30 часот: ФК Вардар – Еврофудбал-Вардар, Охрид
13:20 часот: Борец Јуниор, Велес- Рудар Јуниор, Пробиштип (2004 генерација)
Генерација 2005 година (времетраење на натпреварите 2 Х 15 минути):

10:00 часот: Форца-Вардар, Скопје – Борец Јуниор, Велес
10:40 часот: Ново Лисиче, Скопје – ФК Прилеп
11:20 часот: Мал Ајакс-Вардар, Штип – Еврофудбал-Вардар, Охрид
13:00 часот: Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Вардар
Генерација 2006 година (времетраење на натпреварите 2 Х 15 минути):

13:40 часот: Спортефе-Вардар, Скопје – Ново Лисиче, Скопје
14:20 часот: Борец Јуниор, Велес – Форца-Вардар, Скопје
15:00 часот: Рудар Јуниор, Пробиштип – Еуроспорт-Вардар, Куманово