Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > РАСПОРЕД! Кои се противници во последните пет кола за ФК Вардар
РАСПОРЕД! Кои се противници во  последните пет кола за ФК Вардар

РАСПОРЕД! Кои се противници во последните пет кола за ФК Вардар

Вчера црвено-црните избраници на Сергеј Андреев направиа клучен исчекор во борбата за титулата во првата Македонска фудбалска лига со победата над актуелниот Шампион тимот на ФК Работнички . Оваа победа допринесе да Вардар се чуствува покомотно на врвот на табелата со шест бода преднос пред почетокот на последниот четврти круг т.н. Плеј-Офф дел.Оваа сезона по одлук на Македонската куќа на фудбалот првата лига има 10 тима и специфичен систем на натпреварување . По одигрување на првите три круга во четвртиот плеј-офф круг Вардар ќе се сретне со тимовите пласирано од 2рата до 6тата позиција на табелата и ќе одигра со нив по еден натпревар . Редоследот на натпревари и на тоа кој ќе биде домаќин а кој гостин се одредува според пласманот на табелата , така да распоредот на Вардар за следната и последна фаза изгледа вака :

РАСПОРЕД ЗА ПОСЛЕДНИОТ КРУГ ПМФЛ !

  • 28мо Коло – 3 мај(Недела) Вардар – Металург
  • 29то Коло – 6 мај(Среда) Вардар – Работнички
  • 30то Коло – 10 мај (Недела) Шкендија – Вардар
  • 31во Коло – 17 мај (Недела)  Вардар – Ренова
  • 32ро Коло – 24 мај (Недела) Силекс – Вардар