Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Распоред за мечевите на ФК Вардар во третиот круг на ПМФЛ
Распоред за мечевите на ФК Вардар  во третиот круг на ПМФЛ

Распоред за мечевите на ФК Вардар во третиот круг на ПМФЛ

Вчера со мечот против кратовски Силекс и убедливата победа со 4-0 на дуелот во Велес црвено-црните ја завршиа есенската етапа од првата лига. Мечот со Силекс беше 18-ти оваа сезона со тоа сите 10 тима во првата лига одиграа со секој противник по еден меч дома-гости. Следното 19 коло кое воедно е и прво пролетно нашите момци ќе го играат со тетовска Ренова. Дуелите во овој трет круг се одредуваат врз основа на пласмнот на табелата по 18 коло на која Вардар е прв со 5 бода предност пред Шкендија. Избраниците на Гоце Седлоски ќе одиграат во овој трет круг кој содржи 9 меча, дома ќе одиграат 5, а в гости еден помалку 4. Ова е распоредот од третиот круг во македонската прва фудбалска лига :

19.коло 21.02.2016 Недела ФК.ВАРДАР-Ренова
20.коло 28.02.2016 Недела ФК.Турново-ВАРДАР
21.коло 06.03.2016 Недела ФК.ВАРДАР-Брегалница
22.коло 13.03.2016 Недела ФК.Младост – ВАРДАР
23.коло 20.03.2016 Недела ФК.ВАРДАР – Металург
24.коло 30.03.2016 Среда ФК.Слога-ВАРДАР
25.коло 03.04.2016 Недела ФК.ВАРДАР-Работнички
26.коло 10.04.2016 Недела ФК.Силекс-ВАРДАР
27.коло 17.04.2016 Недела ФК.ВАРДАР-Шкендија