Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес го пречекува ГРК Борец во 18-00 часот
Вардар Јуниор денес  го пречекува ГРК Борец во 18-00 часот

Вардар Јуниор денес го пречекува ГРК Борец во 18-00 часот

Во рамките на 13.коло од машката супер лига денеска нашиот млад ракометен колектив Вардар јуниор ќе го пречека тимот на ГРК Борец од Велес. Мечот е закажан со почеток во 18-00 часот, истиот ќе се одигра во Спорско рекреативниот центар “Кале“. Денешниот наш противник гостите од Велес се претпоследно пласирани на табелата во суперлигашката конкуренција со освоени 10-бодови ,а Јуниор е пласиран на 5 позиција со 18 освоени лигашки бодови.

Вардарци минатото коло гостуваа кај Пелистер во битола каде беа поразени и го впишаа својот шести пораз во оваа дебитанска сезона. Младите вардарци кои се предводени од клупата од македонскиот легендарен ракометар Пепи Манасков ќе атакуваат на победа и ќе се обидат да влезат во најдобрите четири екипи во лигата со што ќе обезбедат место во априлското разигрување. Во првиот дуел со велешани в гости вардарци обезбедија сигурна и убедлива победа со резултат 33-17. Следниот дуел на црвено-црните момци е закажан за на 19.12 со екипата на Прилеп.