Нашиот фудбалски шампион со убедлива победа го заврши есенскиот дел од сезоната. Во последното коло од овој дел, Вардарци го победија Силекс со резултат 4:0. Мечот се одигра во Вeлес и сосема заслужено заврши со триумф на црвено-црните. Ацо Стојков блесна на овој дуел постигнувајќи два гола. Мрежата на Силекс ја затресоа уште Бобан Грнчаров и Филип Ивановски. Вардар ќе презими на првата позиција на табелата, со пет бода предност пред екипата на Шкендија, која е второпласирана.
Видеото од головите можете да го погледнете ТУКА.