После Тоскиќ и Брумен, уште еден играч на Вардар заминува на крајот од сезоната. Клубот преку својата офиијална страна објави дека Горбок на крајот од сезоната заминува од клубот. Како што се вели, спогодбено е раскинат неговиот договор кој требаше да трае до јуни 2017 година.
-Задоволство ни е што овие две сезони го имаме Сергеј Горбок како дел од тимот. Со својата посветеност и преданост покажа голема професионалност, и во моменти на радост и на тага. Клубот му заблагодарува за неговиот досегашен придонесе, му излезе во пресрет на барањето, и му посакуваме успех во натамошната кариера во иднина. Верувам дека и сезонава заедно ќе се радуваме на уште доста успеси, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалната страна на клубот.
Ова за Горбок е втора година во црвено-цниот дрес, откако претходно дојде од екипата на Рајн-некар. Минатата сезона стигна со Вардар до 1/4 на лигата на шампиони. Ги освои и двата трофеја во домашните натпреварувања.