Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се зголемува интересот за мечот Вардар-Малме, распродадени повеќе од 4.000 билети
Се зголемува интересот за мечот Вардар-Малме, распродадени повеќе од 4.000 билети

Се зголемува интересот за мечот Вардар-Малме, распродадени повеќе од 4.000 билети

Како наближува реванш натпреварот од ЛШ, помеѓу Вардар и Малме, така атмосферата се повеќе се вжештува. Повеќе од 4.000 билети се распродадени за утрешниот натпревар, кој се игра на стадионот “Младост„ во Струмица. Црвено-црните се “хендикепирани“ поради неиграњето на арената “Филип Втори„, но ќе мораат овој меч да го одиграат надвор од Скопје.

После нерешениот и одличен резултат од Шведска (1:1), интересот за овој меч станува се поголем, со оглед дека Вардар со евентуален триумф, или во најмла рака и нерешено без постигнат гол, би можел да се пласира во следната рунда од најголемото натпреварување. На Вардар му се потребни Европски мечеви, за враќање на публиката на стадионите, од тука и важноста на овој дуел за избраниците на Гоце Седлоски. Вкупниот капаците на стадионот во Струмица е околу 6.000 гледачи, па се очекува до утре, до почетокот на натпреварот, стадионот да биде комплетно распродаден. Вардарци веќе се наоѓаат во овој град, каде ги прават последните подготовки во пресерет на утрешниот дуел со Малме.