Реванш натпреварот меѓу Вардар и Малме од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите ке се емитува директно на ТВ Нова. Мечот низ директен пренос ќе може да се следи на оваа национална телевизија.
Вардар има одличен резултат по првата средба со Малме , одигра нерешено 1-1 и е на прагот да обезбеди пласман во третото квалфикациско коло, ваков успех македонски шампион нема од 2006 година. Натпреварот ке се игра во Струмица на стадионот „Младост“ со почеток од 18-00 часот кога и стартува преност на ТВ Нова. Ова е одлична прилика за сите кои нема да бидат во Струмица да го погледнат натпреварот во живо.