Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Крстевски: Во Супер-лигата не очекуваат тешки натпревари, кои ќе бидат уште едно големо искуство за нас младите ракометари
Стефан Крстевски: Во Супер-лигата не очекуваат тешки натпревари, кои ќе бидат уште едно големо искуство за нас младите ракометари

Стефан Крстевски: Во Супер-лигата не очекуваат тешки натпревари, кои ќе бидат уште едно големо искуство за нас младите ракометари

Младинската ракометна школа на Вардар има многу талентирани и квалитетни играчи, кои ветуваат во иднина дека би можеле да стигнат до првиот тим на ракометниот клуб Вардар. Еден од нив е Стефан Крстевски кој пред три години доаѓа во Вардар од Ресен и ги освојува “симпатиите“ на тренерите, кои работат во клубот. Започнува во младинската екипа, за следните две години да продолжи во тимот на РК Вардар 2, кој се натпреваруваше во првата ракометна лига. Играч кој настапува на позицијата среден бек, кој располага со индивидуални квалитети, прегледност во игра, силен удар, добра одбрана. Иссто така е и кадетски репрезентативец на Македонија. Во следново интервју ве запознаваме токму со Стефан Крстевски, кој ќе ни открие за неговите почетоци во ракометот и за неговите настапи во црвено-црниот дрес.

j

1. Дали се сеќавате на првиот допир со ракометната топка и на колку години се случи тоа ?

-Љубовта кон топката уште од мали нозе ми беше најголема. Првиот допир со ракометната топка ми беше на 8 години, тој момент и тоа чуство беа феноменални.

2. Зошто го избравте ракометот како спорт, со кој се занимавте и денес. Дали тоа беше ваша лична желба или беше потикнато и од друга страна ?

-Пробав многу спортови ама ракометот остави најголем впечаток во мене, па затоа се решив за него. Желбата за ракометот не беше само моја, исто така таа беше и на моите родители кои ми помогнаа да бидам тука.

j4

3. Во кој клуб беа вашите први почетоци и кој беше првиот тренер кој ве научи на почетоците во ракометната игра ?

-Моите први почетоци беа во Ракометна Школа “Цепелин„ од Ресен. Мојот прв тренер беше Иван Ангелковски, кој е исто така заслужен за сите мои успеси.

4. На колку години заигравте во Вардар и во кои се екипи на клубов имате настапувано ?

-Во Вардар заиграв на 15 години, во младинската категорија, па потоа две години бев дел од Вардар 2 кој се натпреваруваше во Првата Македонска Лига.

5. Што досега мимате освоено ккао медали и трофеи со ракометниот клуб Вардар, како во домашни така и во меѓународни рамки ?

-Прво место во Младинска категорија и на турнирот “Еден Живот Една Љубов„. Второ и трето на турнирот “Трофејот Белград„. Исто така две години по ред второ место во Македонската Прва Лига.

j5

6. Пред две години од младинци преминавте едно скалило погоре, односно бевте дел од екипата на Вардар, која се натпреваруваше во првата лига. Како ја оценуваш минатата сезона, во која станавте вицешампиони во оваа лига ?

-Бевме свесни дека ке не очекуваат тешки и исцрпувачки натпревари, па затоа нашата желба и мотивот за работа беа на највисоко ниво. Сезоната за нас беше феноменална и од неа добивме едно големо искуство. Претходно исто така бев дел од истава лига, па знаев какви натпревари не очекуваат. За многу беше нешто ново, но сите го даваа својот максимум на теренот и даваа се од себе да се докажат кај тренерот.

7. Имате работено со Стојан Петрушевски и Зоран Петковски. Какви тренери се двајца и кои се нивните критериуми за еден играч да стане успешен ракометар ?

-Тие се најдобрите тренери со кои имам работено. Имаат различни критериуми, но и двајцата сакаат доста трчање, брза игра и пред се дисциплина за време на натпреварите. Секако дека тоа што сум денес, го должам на овие двајца тренери. Многу научив од нив и последниве две години доста напредував во мојата игра.

j6

8. Во новата сезона ве очекува уште поголем предизвик, а тоа се настапите во Супер-лигата, каде ќе бидете дел од екипата на Вардар Јуниор, која ја предводи Стојан Петрушевски. Дали веќе размислувате што ве очекува во најсилната Македонска лига и дали сметаш дека можете да се надигрувате со поголемите и поискусни екипи ?

-Во супер лигата не очекуваат преку 20 тешки натпревари, кои ќе бидат уште едно големо искуство за нас. Секако дека можеме да се носиме со противничките екипи и сигурен сум дека ке се бориме до крај на сите натпревари. Иако сме најмлад состав, мислам  дека никој нема да не потцени и ќе дава максимум на мечевите против нас. Ќе се обидеме дел од искуството стекнато на мечвите во првата лига, да го пренесеме тука, иако знаеме дека тоа се многу различни лиги.

9. Дали Стефан има некоја цел, која би сакал да ја отствари во идина ?

-Секако дека имам цел, а тоа е најпрво првиот тим на Вардар и репрезентацијата, а за потоа некоја од најдобрите европски екипи. Секако за да се оствари се ова, треба многу напорна работа труд и огромна посветеност во ракометот.

10. Како ја гледате ракометната игра и колку е специфична вашата позиција на која игратге како организатор на играта ?

j2

-Ракометот е еден колективен спорт во кој победува екипата а не поединецот. За екипата да биде успешна треба работа,тимски дух,мотивација и желба. Мојата позиција е доста специфична, затоа што бара голема концентрација и доста размислување.

Звонко Ивановски