ФК Вардар е единствениот фудбалски тим во Првата, но и во Втората фудбалска лига на Македонија кој сеуште ги нема започнато зимските подготовки за старт на втората полуетапа.
Ова е крајно разочарувачки податок за сите љубители и приврзаници на ,,црвено – црните” бои, но и за фудбалерите на шампионот на Македонија, секако се мисли на оние кои сеуште се лојални и останаа во редовите на најтрофејниот фудбалски колектив во државава.
Иако постоеше најава дека истите ќе стартуваат за денес, сепак и од ова нема ништо, бидејќи причините се повеќе од јасни по состанокот со фудбалерите минатата недела.
Да потсетиме дека ФК Вардар го ,,гази” и времето, бидејќи веќе на 14 идниот месец продолжуваат со настапи екипите во ПМФЛ. Вардар во првото пролетно коло игра дерби со Пелистер на домашен терен.