Вардар ќе го одигра првиот официјален натпревар во новата година. Со дуелот против Војводина започна „пеколниот“ распоред за црвено-црните кои ги очекува во наредниот период.
Дуелот против Војводина е во рамки на првото коло од СЕХА-лигата, добро познат противник за вардарци, со оглед дека речиси секоја година се надигруваме со шампионот на Србија.
Какви се очекувањата за натпреварот против Војводина можете да прочитате од изјавата на десното крило, Гоце Георгиевски.
-Прв натпревар по два месеци без официјален натпревар. Се подготвуваме како и за секој натпревар. Малку сме во редуциран состав поради репрезентативците па затоа потешко ја составуваме екипата, но најважно е дека сите сме здрави, нема повредени играчи. Утре ќе ни се приклучат и останатите репрезентативци и ќе бидеме доволно подготвени за Војводина. Се работи за еден добар и квалитетен противник, немаме премногу материјали за да ги гледаме како играат. Одиграа еден натпревар пред Нова Година. Можевме да видиме дека е добар состав со квалитетни играчи.
Во месец февруари, избраниците на Алушовски ги очекува дури седум натпревари во ЛШ и два во СЕХА.
-Мислам дека ако одиграме она што сме го договориле на тренинзите и видео-анализите би требало да извојуваме победа. Тоа да ни биде добра увертира пред тоа пеколно темпо кое ни следи во февруари и оној прв натпревар со Порто во Лигата на шампиони. Ако останеме сите здрави можеме да се надеваме на добри резултати“.
Натпреварот ќе стартува од 17:45 часот.