Кугларите на црвено-црниот тим започнаа со зимските подготовки, оваа недела ги стартуваа тренизите во кугланата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар.
Вардар се подготвува за пролетниот дел од лигата кој всушност е речиси целиот тек на сезоната 2020/2021 година. На есен во МКЛ се одигаа само две кола и беше прекината истата поради влошувањата на пандемијата со Ковид-19 во земјава.
Оваа сезона ние имаме два тима во Македонската кугларска лига, „А“ и „Б“. Начелно првото коло е закажано за на 20-ти идниот месец, Вардар-А ќе игра дерби со шампионот Макпетрол, а Вардар-Б е слободен во воведното пролетно коло.