Thursday ,25 February 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Војводина игра брз ракомет, ние треба да ја оправдаме фаворитската улога
Алушовски:  Војводина игра брз ракомет, ние треба да ја оправдаме фаворитската улога

Алушовски: Војводина игра брз ракомет, ние треба да ја оправдаме фаворитската улога

Утре, РК Вардар 1961 ќе го одигра првиот дуел во регионалната СЕХА лига.  Во Јане Сандански гостува тимот на РК  Војводина. Предводникот на црвено-црните, Стевче Алушовски, даде видување за дуелот во кој ќе недостигаат играчите кои беа дел до СП во Египет. Натпреварот се игра утре со почеток од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Засега и натаму остануваме некомплетни. Играчите со репрезентативни обврски и натаму се надвор од стројот. Правиме сè што можеме за да се подготвиме за нашиот дуел со Војводина. Се работи за квалитетна екипа составена од млади играчи, кои што многу трчаат. Можев да ги гледам на последниот дуел против Кикинда. Играат брз и модерен ракомет, со цврста одбрана и добра транзиција. Очекувам од наша страна да одиграме сериозно. Секогаш кога Вардар игра дома се труди да ја земе фаворитската улога на своја страна. Така ќе биде и на овој натпревар, без разлика што сме некомплетни. Со еден комплетен тренинг ќе одиграме коректен натпревар кој ќе биде добра подготовка за она што следува во наредниот период- вели Алушовски.