Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Реал Ниш го освои меморијалниот турнир “Филип Лазаревски“, Вардар на второто место
Реал Ниш го освои меморијалниот турнир “Филип Лазаревски“, Вардар на второто место

Реал Ниш го освои меморијалниот турнир “Филип Лазаревски“, Вардар на второто место

Помладите пионери на ФК Вардар го освоија второто место на меморијалниот турнир “Филип Лазаревски“, кој изминативе четири дена се играше во Струмица, на кој настапија вкупно шест екипи поделени во две групи.

Во големото финале се сретнаа екипите на Вардар и Реал Ниш од Србија, а поуспешен беше противникот кој славеше дури по изведување на удари од белата точка. Реал Ниш имаше предност од 2:0 по првото полувреме, но црвено-црните собраа сили и во вториот дел вратија на ист начин и со двата гола на Леонид Игнатов го израмнија резултатот на 2:2. Овој резултат се покажа и како конечен во регуларниот дел на натпреварот, по што се пристапи на изведување на пенали. Посреќен во пенал рулетот беше Реал Ниш, кој славеше со резултат 4:3. За Вардар во пенал серијата погодија, Филип Андоновски, Туша Ветон и Леонид Игнатов, додека не успеа да реализира Антонио Мирков.

Третото место им припадна на екипата на Лудогорец од Бугарија која ја совлада селекцијата на ФФМ, составена од играчи родени “2003“ година. Петтото место е за екипата на Академија Пандев која беше поуспешна од екипата на Беласица. На овој турнир, предводникот на вардаровата генерација “2002“ настапи без шест играчи, кои имаат репрезентативни обврски, а настапуваше со комбиниран состав давајќи им шанса на неколку играчи кои се генерациски родени “2003“ година, тука е и Георг Стојановски кој е “2004“ годиште.

За најдобар голман на турнирот е прогласен голманот на Вардар, се работи за Матеј Величковски, кој имаше одлично издание на овој турнир, во чест на младото момче “Филип Лазаревски“, кој минатата година несреќно го загуби својот живот на патот Банско- Габрово.