Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Убедливо совладан Кромак, за победничко заокружување на дебитанската сезона за пионерите на Вардар Јуниор
Убедливо совладан Кромак, за победничко заокружување на дебитанската сезона за пионерите на Вардар Јуниор

Убедливо совладан Кромак, за победничко заокружување на дебитанската сезона за пионерите на Вардар Јуниор

Пионерите на РК Вардар Јуниор со победа ја заокружија дебитанската сезона во пионерската лига. На денешниот дуел кој се одигра на Кале, избраниците на Зоран Петковски славеа убедливо со резултат 33:9 во дуелот со Кромак.

Само во првите три минути, гостинската екипа од Тетово имаше предност, кога реултатот беше 0:1 и 1:2, за вардарци да направат серија од 5:0 и да го превземат водството (6:2), кое до крајот на мечот го задржаа. Само за момент противникот намали на 6:3, за да следат нови фуриозни минути на црвено-црните кои постигнаа шест последователни голови и веќе имаа убедливо водство од 12:3. До крајот на првиот дел стигна и двоцифрената предност, кога на одмор се замина со резултат 16:5.

Пионерите на Вардар доминираа и во второто полувреме кога со нова серија од 6:0 имаа убедливо водство од 22:5. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот, избраниците на Зенга делуваа премоќно за екипата од Тетово, која во вториот дел постигна само четири голови, што говори за одразот на силите на овој дуел.

РК Вардар Јуниор: Спасовски, Стојановски 2, Јовевски 1, Алексовски 1, Тодоровски 4, Аритонов 3, Спасовски 2, Младеновски 1, Ристевски 5, Симоновски 4, Симјановски, Петрушевски 2, Трајановски 1, Колевски 4, Стојменов, Петковски 3.

Оваа генерација на Вардар составена од играчи родени 2004/05 година ја завршија сезоната со освоени 13 бодови, или остварија четири победи, еден нерешен резултат и пет порази. Да напоменеме дека се натпреваруваа во една година повозрасна генерација.