Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со победнички песни ги испраќаме нашите девојки на Ф4 и ги чекаме во Скопје со трофејот!
Со победнички песни ги испраќаме нашите девојки на Ф4 и ги чекаме во Скопје со трофејот!

Со победнички песни ги испраќаме нашите девојки на Ф4 и ги чекаме во Скопје со трофејот!

Скопската публика се прости од ЖРК Вардар на еден спектакуларен начин. Во еден одличен амбиент, со песни и насмевки на лицата, ги испраќаме нашите девојки на Ф4. Денеска Митјиланд беше достоен ривал само 15-сетина минути, потоа машината наречена Вардар се отвори, па така со една убедлива игра нашите девојки лесно се пласираа на нов завршен турнир 32:25 (17:12). Чекаме титула во Скопје!

30738950_10211832743476211_2015609099537874944_n

Вардарки отпорот на противникот го скршија некаде кон средината на првиот дел, до тогаш се играше изедначено со еден до два голови предност за нашиот тим. Натпреварот започна доста изедначено, во 9. минута со голот на Радичевиќ, Вардар имаше предност од 5:3. Како одминуваше мечот, така и Вардар играше се по добро, па така во 15. минута со голот на Лекиќ Вардар дојде до плус три, највисоки во тој момент од дуелот. Веќе во 24. минута за одбележување беше гол на Лакрабер со што Вардар дојде до веќе високи и убедливи плус пет, 14:9. До крајот на првиот дел, Парондо и Дибирова го освежија тимот, во игра влегоа неколку нови ракометарки како Ристовска,Суслина и Саздовска, тоа добро му дојде на нашиот тим, па така и на пауза се замина со комотни плус пет, 17:12.

imageedit_4_3950256913

Вториот дел Вардар го отвори многу доминантно, тимот на Митјиланд отвори со нова тактика, без голман, правеше многу грешки, тоа Вардарки го искористија максимално, па само си ја зголемуваа предноста. Во 38. минута со голот на Радичевиќ нашиот тим дојде до убедливи и највисоки 20:12. Во вториот дел гостинскиот тим не постигна погодок во почетните дури 14. минути од играта. Вардар продолжи да меле во продолжението, па така од минута во минута си ја зголемуваше предноста, веќе во 47. минута нашиот тим имаше предност од 25:14. Во последните десет минути се беше јасно, во една комотна игра Вардарки даваа голови а публиката уживаше. На крајот, црвено – црните девојки добија громогласен аплауз од трибините, со високо крената глава се разделуваат од нашиот храм.