Денес на теренот во наслеба Јане Сандански младинците на ФК Вардар беа домаќини на екипата на ФК Победа од Прилеп. Во дуел во кој имвме целосна инуцијатива, многу шанси за жал одигравме реми 0-0 (0-0). Тренерот Бобан Бабунски старуваше со овој состав: Петковски, Џуклевски, Антовски, Реџепи, Серафимов, Ѓорѓиевски, Адем, Благоевиќ, Маркоски, Бериша и Дишлиевски.
По стартот на првиот дел тргнавме во офанзива, во почетните десетина минути се играше тврд дуел претежно на средината од теренот. Прва прилика по пробив од десната страна имаше Дишлиевски Оливер во 15.минута. Потоа со удар од 20.метра се обиде Дејан маркоски, неговвиот удар заврши во мрежата од надворешната страна од голот на Котевски Даниел. Имавме повеќе од играта, тоа ни донесе нова шанса преку Милан Благоевиќ чии обид го расчисти во последен момент одбраната. Прилепчани по енда украдена топка имаа одлична шанса нашиот голман Петковски Христијан одбрани одлично. По изведена корна од десна страна со глава одлично биеше Ѓорѓиевски Александар, сепак голманот на црвено-белите одбрани. Ние имавме офанзива до крајот без посебни шанси за одбележување, противникот успеа да украде две топки и да појде во контри, но нивните играчи не беа доволно умешни па нашата одбрана лесно се справи со овое закани.
Вториот дел со измена во игра влезе Јахја Абдулхади на место на Милан Благоевиќ. Прва прилика имавме преку Оливер Дишлиевски кој од десно навлезе во казнетиот простор и шутираше под греда. Голманот на прилепчани успеаа да го скроти овој удар. Ние атакувавме постојано на голот на противникот во воведните десетина минути. Голема шанса видовме во 59.минута кога Јахја се обиде од 10метра, голманот на Победа со врвот од прстите исфрли в корна. Гостинот беше целосно ориентиран на дефанзива обидувајќи да ги зачува поволните за нив почетни 0-0.
Направивме неколку измени со цел да го смениме ритамот. Голема шанса со глава пропушти за нас капитенот Серафимов Никола на 8.минути до крајот на овој младински дуел. Победа во следната акција се закани од слободен удар, за наша среќа топката мина над живиот ѕид, но и неколку сантиметри над гредата. Нападнавме со сите сили во финишот со цел да дојдеме до три бода, но не успеавме. Дуелот заврши реми 0-0.