Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2005“ постигна 34 голови, во првото пролетно коло од детската фудбалска лига
Вардаровата генерација “2005“ постигна 34 голови, во првото пролетно коло од детската фудбалска лига

Вардаровата генерација “2005“ постигна 34 голови, во првото пролетно коло од детската фудбалска лига

Денес на терените на ФФМ, се одигра првото пролетно коло во детската фудбалска лига. Генерацијата родени “2005“ на ФК Вардар одиграа два натпревари, на кои забележаа убедливи победи, во дуелите со екипите на Викторија и Башкими.

Први на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Викторија, меч кој црвено-црните го добија со резултат од 22:0. Натпреварот со гол го отвори Никола Величковски, кој го отвори резултатот на 1:0. Гледавме натпревар на кој Вардар псотојано беше во офанзива, а екипата од Куманово речиси и да не ја помине својата половина. Следи втор гол на мечот, прв за Тино Спасиќ кој го зголеми резултатот на 2:0. После овој гол, видовме шанси на Јовановски, кој бие покрај голот на Викторија и на Величковски кој од непосредна близина бие, но противничкиот голман го брани ударот. Втор гол на мечот за Величковски, кој му носи предност на Вардар од 3:0.

1

Се обиде и Фидановски кој бие над голот, а во иста акција Спасиќ и Величковски ја погодија пречката од противничкиот гол. Обид имаше и Симеон Здравковски, кој бие од голема далечина, но голманот брани и исфрла во трет корнер за Вардар, што значеше и удар од белата точка за избраниците на Андовски. Сигурен реализатор на пеналот беше Матеј Гаштаров, кој погоди за предност од 4:0. Истиов играч е следниот кој постигнува нов гол, за веќе петарда во мрежата на кумановчани, а Гаштаров ја имаше и следната прилика, која овој пат остана неискористена, односно голманот на Викторија го брани ударот. Противникот не создаде ниту една поконкретна шанса, а нашиот голман, Илија Апостоловски немаше работа на овој меч. Тино Спасиќ е играчот кој го постигнува својот втор гол на натпреварот, за убедливо водство на црвено-црните од 6:0.

2

Прв гол на натпреварот и за Давор Лефковски кој погодува за водство од 7:0. откако на голот претходеше удар на Гаштаров кој голманот го одбрани, но на одбиената топка стигна Лефковски. Не се чекаше многу време за нов гол, а Гаштаров продолжува да ја полни противничката мрежа, откако доби одлична топка од Здравковски, а Гаштаров е реализатор за резултат од 8:0. Јовановски немаше среќа кога ја погоди пречката од голот, а до крајот на првиот дел нови два гола за вардарци. Најпрво на 9:0 зголеми Давор Лефковски, за резултат од 10:0 по првото полувреме да го постави Матеј Гаштаров.

4

5

И вториот дел започна со гол на Никола Величковски, кој го големи резултатот на 11:0. Прв гол на натпреварот постигна и Филип Јовановски, за резултат 12:0. И покрај убедливото водство, избраниците на Андовски не застанаа и продолжија со атаци кон голот на Викторија. Следните два гола на натпреварот беа дело на Никола Величковски, за предност од 13:0 и 14:0 кога асистент беше Лефковски. Гаштаров постигна еден од најубавите голови на овој дуел, откако пласираше удар во левиот горен голманки агол, кој значеше предност од 15:0.

3

Хет-трик и за Филип Јовановски, кој постигнува два гола во низа, за веќе убедливи 17:о на овој дуел. Во листата на стрелци на натпреварот се запиша и Матеј Николовски, кој му донесе водство на Вардар од 18:0 Голеадата продолжи и во следните минути, кога Јовановски со нов погодок зголеми на 19:0. Последните три гола на овој натпревар, беа дело на Тино Спасиќ, кој ги постави конечните 22:0 на овој нерамноправен натпревар, на кој играше само екипата на Вардар.

Убедлив триумф на стартот од пролетниот дел и за екипата на Вардар (2) која го наполни голот на Башкими,кој триумфираше со резултат од 12:1. Во првиот дел, противникот некако одолеваше на нашаите напади и првите 30 минути ги заврши со само негатива од два гола. Имавме можност да го отвориме резултатот, преку Горјан Цветков, кој не успева да реализира удар од белата точка, односно противничкиот голман добро процени и го брани неговиот удар. Напите надежи имаа доминација, но не успеваа во првите 10 минути да постигнат гол. Пред да го отвориме резултатот бие и Јакимовски Лука, но голманот на Башкими го одбрани ударот. Сепак Вардар доаѓа во водство од 1:0, со голот на Александар Калановски, а до крајот на првиот дел иницијативата со гол ја крунисува  Горјан Цветков, за предност од 2:0 по првото полувреме.

Вториот дел беше поефикасен, кога Вардар успева да постигне уште десет нови голови, додека Башкими само еден гол. Во овој дел од натпреварот три гола постигна Петар Пројковски, два гола беа дело на Лука Јакимовски, Александар Калановски и Филип Радевски, и Цветков кој уште еднаш се запишаа во листата на стрелци, за конечни 12:1.