Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Динамо ремизираше со романскиот шампион (0-0)

Динамо ремизираше со романскиот шампион (0-0)

Нашиот противник во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите загребски Динамо, вчера го одигра првиот, од предвидените три пријателски дуели пред натпреварот со ФК Вардар. Вчера Динамо одигра без голови 0-0 против романскиот шампион, добро познатата екипа на Вардар, Стеауа од Бурурешт.

Ова беше деби натпревар на клупата за новиот тренер на Динамо. На овој натпревар Динамо играл со измешана постава. Сите играчи добиле шанса кои биле на располаѓање. Репрезентативците од Хрватска добиле поголем одмор од новиот тренер, односно ќе се приклучат на екипата за една недела. Инаку на ЕП сеуште е голманот на Динамо, Едуардо со репрезентацијата на Португалија.